Минијатурниот сребрен фустан е хит...

Единствениот проблемот со него е во тоа што воопшто не им стои добро на сите, туку само на дамите кои имаат совршено тело

Овој модел и е омилен на разгалената богаташка Парис Хилтон, и тоа уште од 2002 година. Таа тогаш, на прославата на својот 21 роденден, се појави во краток сребрен фустан со светки, кој повеќе откриваше отколку што сокриваше, и тогаш ги згрози модните критичари.

15 – на години подоцна, сличен модел прошета и познатата манекенка Кендал Џенер исто така на прославата на својот 21 роденден. Но овој пат откако таа се појави во ова издание, малиот сребрен фустан стана популарен меѓу познатите ѕвезди и трендсетерки.

Да, факт е дека овој модел е вистински хит во светот на модата, но и дека воопшто не им стои убаво на сите девојки, односно им ласка само на оние кои се сопственички на совршено тело, што за некој девојки претставува дополнителен предизвик да скокнат во него.

Thank you @tigermist for this beautiful dress cant wait to wear it!😊

A post shared by SofijaMilo (@sofijamilo) on

Фустанот на Кендла Џенер чини фрапантни 9 илјади долари, но со тек на време почнаа да се појавуваат и многу поевтини верзии.

Па, дали имате и вие ваков фустан во вашите плакари?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com