ban2

 

Нова година се приближува, а модните дизајнери во своите колекции веќе одредија што ќе се носи и што ќе бие хит следната година.

Ако оваа година главен хит беа skinny фармерките, ресите и популарните ѕвонарки, во новата 2016 на голема врата се врќаат панталоните и фармерките со висок струк.

Покрај ова, во мода се и покриени вратови, односно шалови, марами и ролки и овој тренд ќе ни остане во аманет се до втората половина на 2016. Од друга страна пак, рамениците ќе ни бидат откриени, а меѓу најбараните фустани и комбинезони се оние кои се со отворени детали на овој дел од телото. Главен хит како за празниците така и за преку целиот зимски период ќе биде сребрената боја, па доколку сте љубителка на блескавите металик нијанси сезонава носете ги на јакни, панталони, здолништа и фустани. Едноставно, што и да изберете нема да погрешите, осен ако НЕ сакате да ве препознаваат како девојка која ги следи трендовите. :)

Инаку, што се однесува до нашите модни блогерки, како и мејк-ап артисти, и во 2016 ќе фураме „џемпери со ролки, бомбер јакни, но и плишани парчиња кои се задолжителни и еден од водечките трендови“, вели Искра од AesteticIllustradet (види тука). 

Искра од Аestheticsillustrated.blogspot.mk »

Од друга страна пак, нејзината пријателка и сопатничка во блогерството, Вера (види тука), ги советува нашите читателки за Нова година да заборават на „глитер“ фустаните и шминка, и никако да не прават раскошна фризура. „Треба да внимаваме облеката која што ќе ја носиме за Нова година да ни биде удобна и во неа да можеме да танцуваме цела ноќ“, вели таа.

Вера од Аestheticsillustrated.blogspot.mk »

И за крај, секако дека ниту една модна приказна не би била целосна доколку не позборуваме и за трендовите поврзани со шминките. Токму за таа цел деновиве разговаравме и со познатиот мејк-ап артист Виктор Мирчевски кој вели дека популарните smokey eyes, односно „техниката на сенчења во различен и нерамномерен интензитет или како што популарно се нарекува ‘зачаден изглед’ се уште е и ќе остане во тренд, но полека преминува во една поинаква форма“. Виктор за оваа сезона не советува сенчењето да ни биде поинтензивно на внатрешните агли на очите и кон веѓите. „Ова особено ќе им стои на девојките со нешто поголемо растојание меѓу очите. Лесно е да проверите. Растојанието меѓу очите треба да е еднакво на должината на едно око.“

Виктор Мирчевски

Што се однесува до кармините во мода се вистински темни и длабоки нијанси и тие ќе го имаат главниот збор до крајот на оваа сезона. „Боја на модра слива, темни тонови на шумско овошје, боја на вино со виолетов тон, бордо, темна слива... Колку потемно, толку поинтересно. Другата варијанта е да носите сјај за усни (обоен или проѕирен). Сјајот е повторно ин“  вели Виктор. Целото интервју во кое можете прочитате и многу други интересни совети за шминкање, како и за тоа на што треба да внимавате за Нова година, можете да го ѕирнете доколку кликнете тука или на следниот линк.

види повеќе »

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?