Вистински хит оваа сезона е темно црвената боја, односно бордо бојата, која, за волја на вистината, им е омилена боја на многу жени.

Оваа боја доминира во колекциите на врвните дизајнери за оваа есен, како и во колекциите на познатите модни брендови. Убавата боја на темно црвено вино можете да ја носите „од глава до пети“ – односно од кармин па до чевли или чизми, секаде изгледа преубаво!

 Палта во бордо боја 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/preporaki/205-obleka/7210-esen-bordo-boja?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Палтата во бордо боја дефинитивно ќе бидат хит оваа есен. Можете да ги најдете во различни нијанси на бордо, поевтини или поскапи, струкирани или пошироки, со тоа што пошироките се во тренд за оваа сезона.

 Бордо кожа 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/preporaki/205-obleka/7210-esen-bordo-boja?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Кожата е во мода оваа сезона така што дефинитивно можете да се одлучите за кожа во бордо боја, без разлика дали ќе одберете чевли, панталони, здолниште, палто или мантил.

 Чевли и модни додатоци 

 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/preporaki/205-obleka/7210-esen-bordo-boja?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Чевли со висока потпетица, рамни, кратки чизми или пак дури и чизми до колената – имате широк избор на модели на чевли кои можете да ги набавите во бордо боја и да ги комплетирате со бордо чанта.

 Комбинации на бои 

 

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/preporaki/205-obleka/7210-esen-bordo-boja?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Темната црвена боја оди добро со беж боја, црна, жарко црвена, темна розова, сивокафеава и кафеава. Можете да искомбинирате бордо здолниште со шампањ блуза или бордо палто со сивокафени панталони. Чевли во бордо боја одговараат на светло кафена или розова облека.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?