Меланија Трамп не престанува да ја воодушевува светската јавност со нејзините модни изданија на кои внимава до последен детаљ

Меланија божиќните празници ги помина со семејството на Флорида, каде му се придружи на сопругот Доналд Трамп во акцијата која што го следи Дедо Мраз од страна на „North American Aerospace Defense Commanda“ (NORAD). Првата дама преку телефон разговараше со 11-те деца и ги увери дека Дедо Мраз навистина доаѓа во нивните домови и носи пакетчиња. Таа за оваа пригода избра црвен капут-фустан со дворедно закопчување кој максимално ја истакна нејзината линија, додека на нозете носеше високи потпетици со цветен дезен од нејзиниот омилен дизајнер за обувки, Кристијан Лобутин.

И покрај тоа што станува збор за тенки потпетици со кои можат да се движат само искусни дами, Меланија покажа дека нема проблем со нив.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?