Не смеете да дозволите да носите фармерки што не ви стојат убаво. Точка

Секако дека не е лесно да најдете модел кој совршено ќе ви стои, а дополнителен проблем настанува кога со тек на време ќе се развлечат, особено во пределот на задникот, поради миење и носење. Но постои решение и за таквите ситуации кое ќе ви го претставиме.

Имено, фармерките кои во својот состав имаат еластин можат да се растегнат како и оние кои се 100 % памучни. Тоа се случува со тек на време бидејќи доаѓа до пукање на деловите во кои има еластин, па материјалот се развлекува. Но ако сакате фармерки со еластин, еве како можете да им го продолжите векот на траење.

Тоа ќе го постигнете на два начини – нема да ги миете на виски температури и нема да ги пеглате. Топлината влијае на еластичните делови, ги топи и тие пукаат, а вашите омилени фармерки, односно материјалот останува растегнат и не се враќа во првобитната форма.

Покрај ова треба да обрнете внимание и на процентот на еластинот. Од 2 до 5 % во ред, но повеќе од тоа покажува дека вашето омилено парче ќе се развлече многу порано отколку што сте очекувале.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?