Кога последен пат ја измеривте големината на вашите стапала?

Според едно истражување кое беше спроведено во Велика Британија голем број жени носат погрешна величина на чевли, пренесува The Wall Street Journal. Според истражувањето една третина од мажите и речиси половина од жените кои биле вклучени во истражувањето признале дека знаат многу често да купат обувки кои не им одговараат баш најдобро.

Иако тоа не изгледа како голем проблем, несоодветните обувки можат да предизвикаат многубројни последици за здравјето на целото тело.

Можат да ви се деформираат прстите, да ви се појави хронична болка во стапалата, но премалите обувки можат да предизвикаат и главоболка и болка во грбот. Затоа многу е важно кога купувате обувки да водите сметка да одговараат на величината на вашите стапала.

Кога обувките можете да ги пробате во продавница, тогаш е лесно, но проблемот најчесто се случува кога купувате онлајн. Тогаш најдобро може да ви помогне ако правилно ги измерите стапалата и востановите која е точната величина што ви одговара. Добрата вест е што тоа можете да го направите и сами. Се што треба да направите е да земете хартија и да го ставите вашето стапало на него во следната положба. Треба да обрнете внимание мерењето да го правите на рамна површина, на пример на паркет или плочки. Потоа земете молив и нацртајте го вашето стапало. Повлечете рамна линија со линијар на рабовите од стапалото – кај прстите, петите и од двете страни, а потоа измерете ја должината и ширината на вашето стапало.

Според следната таблица одредете ја точната величина на чевли која што ја носите и уживајте во вашиот шопинг.

36-23 cm
37- 23,8 cm
38- 24,5 cm
39- 25 cm
40-25, 5 cm
41-25, 7 cm
42-26 cm 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?