Овие шари им се омилени на сите девојки

Речиси и не постои девојка кој не се сеќава на една од најпознатите реченици на Миранда Присли во филмот „Ѓаволот носи Прада " кога иронично ќе каже дека цвеќињата се најиновативни кога се носат во пролет. Да, можеби НЕ се иновативни, но факт е дека е незамисливо да ги нема во форма на најразлични дезени во првите сончеви денови, бидејќи токму тие и ја најавуваат новата сезона. Но за оваа пролетна сезона ви препорачуваме да пробате нешто што е малку поразлично од она што беше популарно во претходните сезони.

Оваа година се носат везени дезени како еден од трендовите кој ќе биде популарен, а таквите фармерки со извезени цветови ќе бидат апсолутен хит како за секојдневните, така и за некои свечени пригоди. Тука се и прекрасните бомбер јакни, но и преубавите чизми со симпатични цветни мотиви. Сигурни сме дека овој тренд ќе се пренесе и на папучите, сандалите и салонките, па дури и на рамните обувки кои особено се популарни сега.

Тие ќе функционираат како одличен детаљ со кој ќе го „подигнете“ целокупниот изглед. А тоа дека везените дезени се апсолутен моден хит докажуваат и модните парчиња кои не сме навикнати да ги гледаме со нив, како што се, на пример кожните јакни.

Тие секогаш со такви „украси" изгледа мошне интересно, и даваат посебен и поприлично личен печат на секоја комбинација со која ќе ги носите. 

Ова важи и за бомбер јакните ...

Но покрај везените дезени во edgy стил и цветните фустани кои се must-have за секоја пролетна и летна сезона, овој пат мошне популарни се и панталоните и долгите здолништа со раскошен цветен дезен.

Повеќе фотографии погледнете во галеријата што следува >>

види повеќе »

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?