Сите дами ќе се согласат дека големо е задоволството кога ќе се вратат дома после напорниот ден и ќе го отстранат градникот.

Сите дами ќе се согласат дека големо е задоволството кога ќе се вратат дома после напорниот ден и ќе го отстранат градникот. Иако тој пружи еден вид потпора и ја зголемува женската самодоверба, сепак, постојат и ситуации кога слободно можете да излезете без градник и да уживате не само кога ќе се вратите дома, туку преку целиот ден.

1. Кожна јакна

Јакната која е залепена за телото ќе им пружи на градите доволно потпора, додека пак поради крутоста на материјалот другите не ќе може да забележат дека не носите градник.

2. Облека за обликување на телото

Доколку практикувате да носите облека која го обликува горниот дел од телото, избирајте таква која ги прекрива градите. Материјалот кој целосно е залепен за телото, ќе ги држи градите на место, а и ќе им овозможи да дишат повеќе отколку што тоа го прави градникот.

3. Маица со метални апликации во пределот на градите

Маиците со големи апликации се носат и оваа сезона, а доколку изберете такви кои имаат метални детали во пределот на градите, тогаш не мора да носите и градник.

4. Боди

Искористете го вашето боди за да се одморите од градникот. Преку него ставете маица или пролетна јакна и никој нема да забележи дека немате градник.

5. Балонер

Балонерот ништо нема да издаде, особено ако во пределот на градите има постава.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?