loading...

Божиќните празници ни стигнаа во пакет со вистинска сибирски температури, па еве неколку совети кои ќе ни помогнат да не се чувствуваме како Бразилци на Шар Планина.

И секако дека најдобро е да видиме како браќата Руси ја преживуваат зимата и ниските температури, иако температурите кога стрелката на термометарот се движи околу -20 степени за нив се мачкина кашлица.

Клучот е во обувките и облеката

„Не постои лошо време туку ти лошо си подготвен за него“, вака гласи една стара изрека на рибарите од Норвешка, а Русите ја присвоија. Секој турист кој се има прошетано низ некој град или варош во Русија ќе ви каже дека таму луѓето се добро облечени, за мода не се грижат премногу и сосема е вообичаено некоја бабичка ако види дека сте лежерно облечени да ви пријде и да ве опомене. Шубари, шалови, добри чизми, дебели капути, ракавици – тоа е задолжителна зимска опрема и никој од неа не прави модни отстапки.

Научете како се оди по снег и мраз

Пингвинско чекорење, слободни раце (на готовс!) кои се заштитени со еден пар дебели ракавици, чизми со добар ѓон – тоа се клучните совети кои ќе ги добиете од секој Русин.

Одржувајте хигиена

Метрото во Москва е најголемо во светот, и низ него дневно поминува незамислив број на луѓе, па замислете само колку бактерии и бацили остануваат тука кои ги носат луѓето со себе. Најголемата причина за настинки и грип се токму ваквите затворени простори каде луѓето ги разменуваат своите бактерии и бацили .Затоа редовно мијте ги рацете, избегнувајте допири на кваки на јавни места и де делите храна и пијалаци со никого.

Хранете се добро

Русите како да немаат мера кога е храната во прашање, а и пијалаците. Тоа е затоа што калориите им се неопходни како би ја преживеале зимата и би имале доволно енергија. Затоа, барем во овие денови, заборавите на килограмите и јадете мрсна и вкусна храна – пожелно е!
 

Паузирајте и загрејте се

Ако обврските ви се такви да морате по цел ден да се движите низ град, правете што почесто пауза онаму каде можете да се згреете и да се напиете топол чај, чоколадо, кафе, па ако треба и варено вино или ракија за да се загреете. Секако, ова не значи дека треба со сите сили да се фрлите на алкохол, бидејќи така само ќе си наштетите на самите себеси.

Но со една чаша варено вино ќе ви биде многу подобро.

A со две - најдобро!

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО