FaceBook  Twitter  

Во Британија е направено испитување според кое испитаниците тврдат дека жените не треба да носат долга коса по 46, а тесните фармерки можат слободно да ги фрлат по 47 година.

Дали се согласувате со ова?

Тетоважи – ни под разно по 38 година!

Холивудската дива Хелен Мирен сигурно не го слушнала ова правило. Таа има мала тетоважа со буквите Vs на нејзината рака за која кажа дека е последица на едно пијанство и нејзиниот бунт во младоста. Сепак неодамна изјави дека се предомисли по прашањето на тетоважи и дека радо би ја истетовирала целата рака со тетоважи од змии. Оваа храбра дама која има 70 години е доказ дека не постојат граници кога се годините во прашање.

Престанете да правите селфи по 34 година

Навистина? Каде пишува дека жената не може да биде убава и атрактивна и по тие години и да се пофали со тоа на социјалните мрежи? Погледнете ги само силните славни личности кои го промовираат трендот со селфи фотографии, имаат повеќе од 34 години и тоа го прават многу подобро од многу помлади девојки.

Не излегувајте во клубови ако имате повеќе од 44 години

ОК, во ова можеби постои малку вистина. Луѓето во тие години обично повеќе сакаат да го зачуваат својот слух и сметаат дека е подобро за нивното здравје да заспијат пред 11 часот навечер. Всушност, ни не постои место на кое луѓе по 45 тата би можеле да излезат и слободно да „џускаат“ и добро да се забавуваат. Едноставно, тоа им е оставено на помладите ...

Музичките фестивали се минато за вас ако имате преку 45

Оние кои ги потполнувале овие анкети МОРААТ да имаат повеќе почитување за генерациите кои ги основале овие фестивали. Не заборавајте дека тоа е генерацијата која ги слушаше вистинските музички легенди, а тоа важи и за луѓето од овие простори.

Со 40 технологијата е минато за вас

Имено, помладата генерација смете дека луѓето постари од 47 години не треба да имаат налог на Твитер и дека сите постари од 49 можат комотно да го избришат својот Фејсбук профил. Сепак, се испостави дека постарите генерации полека вршат инвазија на социјалните мрежи, посебно на Фејсбук, па младите луѓе заминуваат од таму


Извор: zenablic/huffingtonpost.com

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

На влезот во Штип следете го знакот на ресторан "Мал Одмор",
Хотелот е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. ...
Хотел Park Lakeside се наоѓа на околу 2,8 km од Античкиот театар во Охрид. Вклучува сончева тераса и отворен базен. ...
Holiday Inn Skopje e хотел од висока категорија кој работи како дел од ланецот хотели Holiday Inn. ...
Ексклузивниот бутик хотел и спа центар Вила Александар е сместен на мирна локација во предградието на Охрид. ...