Темна елеганција – готика за оваа есен!

Кожа, тантела, бледа шминка, доминација на црната боја ...

Готиката ги инспирираше колекциите есен/ зима 2012/2013 на многу славни дизајнерски имиња е како Versace, Givenchy, Valentino, Alberta Ferretti ...Па, што да избереме од широката понуда и како да се вклопиме во готскиот тренд?

 Црно кожено здолниште 

Здолништата од црна кожа, како оние од колекциите на Valentino и Alberta Ferretti, се одличен избор за вклопување во готскиот тренд. Можат да бидат тесни или во А-линија, до колениците, или пак, долги ... одлично се комбинираат со различни материјали и бои, и дефинитивно ќе ви се исплати инвестицијата во вакво парче облека оваа есен.

 Струкирани палта 

Струкираните палта ќе и дадат форма и линија на вашата облека. За инспирација погледнете ја колекцијата на Givenchy RTW 2012, полна со палта во војнички стил и струкирани палта и јакни кои се вклопуваат во готскиот изглед, како и пелерините од колекцијата на Valentino RTW 2012.

 Тантела 

Црната тантела дефинитивно ќе внесе готика во вашата гардероба оваа есен. Тантелата е една од главните карактеристики на готскиот стил, па затоа побарајте кошула или блуза со делови или ракави од црна тантела. Доколку целата блуза е проѕирна обрнете внимание на изборот на долната облека.

 Украсени палта 

Украсените палта изгледаат прилично гламурозно и доколку сте љубител на ваков стил погледнете ги моделите на Versace и Valentino. Одличен избор за вечерни излегувања и посвечен изглед.

 Кожени чизми до колена 

Чизмите се прилично застапени во готскиот стил, и, секако, не можат да се избегнат во есен и зима. Изберете црни кожени чизми до колена кои ќе изгледаат одлично и со здолништа и со панталони. Колекцијата на Versace содржи чизми кои нема многу да ве стоплат, но ќе ви обезбедат неодолив стил.

За балансирање и освежување на црната боја во вашата гардероба, изберете облека во црвена, лилјакова и бела, кои ќе ги комбинирате со црното. Избирајте облека со линија што го следи телото за урамнотежување на богатите материјали или широките блузи и палта кои исто така се модерни оваа сезона.

 


РЕСТОРАНИ

Каде и што да јадете?
Највкусните јадења...
Оди во Шопинг »



ХОТЕЛИ

Хотели во Македонија
Рубрика за туризам...
Т. Агенции »



МОДЕРНА

Ахх.. модерни времиња
Рубрика за мода...
Трендови »



ШОПИНГ

Шопинг манија
Рубрика за шопинг ...
Попусти »



КУЛТУРАТОР

Party People
Секс, гламур и (не) култура ...
Настани »





Топ модели
Најдобрите модели од Македонија и светот...
Пријави се »


MAGAZINE

Разгледај го »


КЛУБ

Рекламирај се
Ако сакате вашиот бизнис да биде дел од Штипка, контактирајте не:
++ 389 71 318 485
Прати E-маил »



maskara

red-is-my-colour

Есенскиот маникир на нашата модна блогерка Александра Везилка: Red is my colour!


20 Октомври 2014, 13.34
 Блогерија 
Октомври. Месец на новата сезона на Моден викенд Скопје. Месец на подигнување на свеста за борбата против рак на дојка... Октомври. Месец на новата сезона на Моден викенд Скопје. Месец на подигнување на свеста за борбата против рак на дојка. Месец на промени. Кога ги посетив моите пријателки...
Прочитај повеќе »
blogergata-eleonora

Прекрасниот стил на модната блогерка Елеонора Кариш


08 Октомври 2014, 15.28
 Блогерија 
Елеонора Кариш е блогерка која не само што изгледа прекрасно, туку има и истенчен вкус за мода така што секоја нејзина комбинација е полн погодок. Таа е позната блогерка од Италија, но повремено и дизајнерка на некое парче кое што потоа обожава да го носи и да се фотографира со него, а нејзиниот...
Прочитај повеќе »
jelena-rozga-kombinacii

Три преубави есенски комбионации со Јелена Розга


21 Август 2014, 11.07
 Блогерија 
Погледнете ги street-style комбинациите на познатата хрватска пејачка Јелена Розга со кои таа се фотографираше на улиците во Сплит. Фотографиите се направени ексклузивно за хрватскиот моден блог Street Style Seconds, а бидејќи Јелена е заштитно лице на италијанскиот бренд Liu Jo, таа покажа три...
Прочитај повеќе »
pet-kombinacii-na-jelena-rozga

Јелена Розга во пет различни изданија – во кое е најубава?


28 Октомври 2014, 17.56
 RED CARPET 
Јелена во последно време постојано настапува некаде, но тоа воопшто не и претставува проблем - таа секогаш е стокмена од глава до пети и да изгледа прекрасно. За двете најпознати хрватски пејачки Јелена Розга и Северина едноставно нема одмор. Тие постојано настапуваат во целиот...
Прочитај повеќе »
omlet-vo-novo-ruvo

Супер вечера за која ви требаат само 20 минути- класичен омлет, но во ново руво!


29 Септември 2014, 11.07
 Рецепти 
Брзата, еднставна и здрава вечера е сон на секоја домаќинка, а овој омлет е вистински решение за сите жени кои сакаат да го почестат семејството и пријателтите, а да не потрошат многу време во кујната. Потребни ви се само основните состојки кои веројатно веќе ги имате во кујната, а вечерата ќе биде...
Прочитај повеќе »