Ги обожаваме едиторијалите и фотографиите на кои жените не користат Фотошоп, туку ја презентираат својата вистинска убавина.

Ова од неодамна стана популарно, па така веќе неколку сезони и бројни брендови одат дури и еден чекор понатаму па како свои лица избираат навистина единствени модели кои со својата некласична убавина ги привлекуваат погледите и не тераат да се запрашаме што е убавината и колку сме задоени од наметнатите стандарди кои допираат до секој од нас и го бришат токму она што е највредно – нашата индивидуалност, нашата единственост по која се разликуваме едни од други. Дефинитивно еден од најпознатите такви модели е Вини Харлоу од Канада која пати од болест на кожата витилиго, но тоа не ја спречи да го покори модниот свет. По нејзини стапки се надева дека ќе тргне и Сара Герутс, 26 годишна девојка од Минеаполис (Минесота) која боледува од Елерс- Данлос синдром,наследна болест на колегенот која се манифестира со претерана подвижност на зглобовите, меко ткиво и она највпечатливото – претерана растегливост на кожата. На Сара оваа болест и беше дијагностицирана кога имала 10 години, а се до почетокот на 20-тата се обидувала со сите сили да го прикрие своето растегање на кожата.

„Кожата беше главната причина за мојата несигурност. Во средно школо го покривав своето тело. Не сакав да зборувам за сето тоа... Живеев во лага“ објаснува Сара. Но денес тоа е зад неа и таа преку социјалните мрежи се обидува да ја промовира индивидуалната убавина и позитивниот став кон сопственото тело, нагласувајќи дека токму нашата индивидуалност е она што сите не прави убави. Таа во 2015 година се осмели и додаде своја слика на Love Your Lines, профил на социјалната мрежа Тумблр кој ги слави женските несовршености.

За кратко време доби преку 25 илјади лајкови и токму тоа Сара го истакнува како клучен момент во нејзиниот живот во кој го прифатила своето тело и одлучила повеќе да не се сокрива. И тоа не е сé, таа во тој момент одлучила да стане и модел.

„Мојот главен мотив што се занимавам со моделинг, покрај својата болест е желбата да ги срушам и општествените норми и сликата за совршеноста која што постојано ја гледаме во медиумите и магазините. Важно е да покажеме дека нашите несовршености и нашата единственост е она што ја сочинува нашата убавина“, објаснува Сара. Таа е активна и во групата за поддршка на оние кои боледуваат од специфични синдроми, се подготвува за press турнеја низ Лондон, а наскоро очекува и да се појави на првата насловна за „Volition Magazine“. Нејзиниот профил на Инстаграм секојдневно се зголемува, а меѓу останатите ја следи и Тајра Бенкс, што на Сара и значи многу. Таа истакнува дека животот и се промени за 360 степени во оној момент кога го прифати своето тело и сите негови несовршености. Ова единствена и силна жена е пример за сите, докажувајќи ни како пред сé треба самите да се прифатиме, по што ќе почнат да ни се редат сите коцки во животот. Бидејќи само ако сме задоволни од самите себе имаме потполно поинаков став кон животот, знаеме што сакаме и за што треба постојано да се бориме.

И само на тој начин ќе бидеме исполнети и среќни во животот...

Па, дали се согласувате и кое е вашето мислење на оваа тема?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?