Новата генерација на топ модели на површината донесоа имиња со кои се запознавме дури во последните неколку сезони.

Меѓу нив е и Девон Виндсор, манекенка која е дел од кланот на Викторија Сикрет и за која можеби досега немате слушнато, но можете да ја следите на социјалните мрежи и на тој начин подобро да го доживеете нејзиното секојдневие како успешен модел.

Девон е Американка која првата средба со модната индустрија ја имаше на 14 годишна возраст кога беше забележана од модните скаути. Набргу ќе биде забележана од познатата агенција „IMG Models“ со која ќе потпише договор и по завршувањето на средното училиште заминува во Њујорк. Откако ќе почне со работа во оваа агенција за многу кратко време и се случуваат големи успеси за какви можат само да сонуваат многу нејзини колешки.

Првата вистинска работа и беше едиторијалот за „Oyster“, а во сезоната пролет-лето 2014 почна да се појавува и на модните писти. И тогаш и се случи ревијата на модната куќа „Prada“ кога и ја избелија косата а тоа денес и е заштитен знак.

Истата година се појави и на модната ревија на Victoria’s Secret каде и до ден денешен се задржа како член на нивната постава, а договорот со нив и носи добар хонорар. Покрај Victoria’s Secret досега ги има рекламирано и модните куќи како Jean Paul Gaultier, Max Mara и Balmain, а се има појавено и во бројни едиторијали во модните магазини.

На нејзиниот Инстаграм има преку половина милион следбеници каде постојано бележи моменти од нејзиниот приватен и деловен живот, но и каде секојдневно не инспирира со нејзините прекрасни street style фотографии.

Премини на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com