Кендал, Џиџи и Кара и покрај тоа што владеат во светот на социјалните мрежи, тие не се главни ликови и во светот на модните кампањи.

Карли Клос

Кога сме кај социјалните мрежи (а во последно време се почесто сме вплетени во нив, нели?) тогаш тука девојките како Кара Делевињ, Џиџи Хадид и Кендал Џенер дефинитивно се неприкосновените владетелки. Нивните профили се толку познати што едноставно можат да продадат сé, но интересно е што и покрај огромниот број следбеници во виртуелниот свет, тие не се главни ликови и во новите пролетни кампањи на познатите брендови, каде всушност владеат некои помалку познати лице.

Лекси Болинг во Вог

Па така оваа сезона апсолутен рекордер по број на кампањи е Лекси Болинг, „злобната“ манекенка која своевремено својата главна карактеристика ја наведе како „воопшто не ми е гајле за другите луѓе“. Таа оваа пролет снимаше дури 11 кампањи, меѓу останатите и за парфемот Candy Kiss Eau de Parfum на Prada, а се појави и во кампањите на Diesel Black Gold, Marc Jacobs, Etro, Moschino, Jil Sander, Coach и Givenchy.

Мариакарла Босконо

Второто место со седум кампањи зад себе го делат американската манекенка Карли Клос (Barneys, Joe Fresh, Diane von Furstenberg, Marella, Kurt Geiger, Liu-Jo, Topshop) и манекенката Мариакарла Босконо (Stella McCartney, Coccinelle, Nars Cosmetics, Dsquared2, La Perla, Givenchy, Sportmax) додека зад нив со пет кампањи се Ана Еверс, Џоан Смолс и Мартје Верхоеф.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?