ban2

 

Името на Тес Холидеј влета во многу наслови откако беше објавено дека потпишала договор со „ Milk“, со што стана прва манекенка со височина од 165 см и големина на конфекција 50, поврзана со голема агенција.

 

 

А девојката мора да работи брзо во двете нови рекламни кампањи што тукушто беа најавени.

 

Нејзините слики се во најновиот каталог за големи величини на модниот дизајнер Торид, којшто рекламира пролетна облека што ќе се појави во продавниците од 25 март. На снименото видео, таа говори дека сака секси облека која добро ù стои и додава дека „цврсто верува дека секој треба да се облекува онака како што сака“. Видете ги парчињата облека и целосното видео тука.

 



Дизајнерката Мониф Кларк исто така ја избра Тес за нејзината кампања на костими за капење откако сфати дека таа е обожавател на брендови. „Тес ја носи нашата облека повеќе од две години и тоа многу пред да стигне на насловните страници“, ми изјави преку е-мејл. „Бидејќи сум жена која носи големи величини, сакам да видам како облеката им стои на жени кои изгледаат како мене. Отсекогаш користиме модели големина 44 и нагоре, но за оваа кампања, користиме уште поширок спектар - големини од 44 до 50. Важно е сите мои клиенти да сфатат дека може да изгледаат и да се чувствуваат убаво и во дводелна облека и мислам дека Тес го пренесува овој став совршено.“

 


Бев заинтересирана да слушнам како Тес одговори на критиките дека промовира имиџ на нездраво тело кога Мередит Виера ја интервјуираше минатиот месец. „Мислам дека е глупости да не можам да правам нешто неверојатно, да станам славна и луѓето да зборуваат за промените што ги правам, наместо да се фокусираат на мојата големина. Тоа ме збеснува.“

 


Дали сте нетрпеливи да дознаете што се шушка за нејзината  првична најава преточена во дело? Јас сум!

 

 

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?