loading...

Што претставува моќ?

Моќ значи да зрачиш, значи да ги топиш сите , значи да ги заслепуваш сите со својот сјај , да си една меѓу сите други , да си единствена меѓу толку многу ..

И сето тоа мора да го зачиниш со малку харизма , со таа нескротлива енергија која на сите им ја вовлекуваш под кожа.. Ретки се вакви скапоцености , ретка е таа доза на самодоверба со која ја рушиш секоја бариера на животот.

Млада , згодна, непокорлива..и атркативна Ивана Тоневска. На тој шарм не може да му одолее никој , на таа насмевка не може да не падне никој , на таа убавина не може да не завиди некој. Убава и однадвор и одвнатре, задоволна од животот , исполнета и секогаш најдобра. Таа талка кон највисоките скали во животот , таа се бори за да еден ден стане уште повеќе од она што е денес..ама на тој пат не ги заборава и другите. Префинет стил , секогаш во тренд , со најубавите парчиња облека , со елеганција секогаш доволно и никогаш претерано, со гламур кој го буди погледот на љубобитните.

Секој кој запловил во маникенските води знае дека тое е долг и исцрпувачки процес, дека таму мора да останеш секогаш со средени нерви, насмевката никогаш да не ти исчезне , трпението да не ти согори.. Ивана знае како да се справува со тоа, знае како да ги освои сите со своите прекрасни манири. Таа своите први чекори од долгогодишниот сон ги направи во агенцијата Мак Моделс , таму остави само мал дел од себе а сега нејзиниот пат продолжува за да си ги исполни соништата до крај , за да застане на модната писта и да покаже што е моќ и елеганција !

lookbook »

Симона Трајковска

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО