Исклучиво интересната и шармантна Мартина Димоска (Марта Девилиш) е личност што плени со секој сегмент од себе си.

Ова е девојка која ќе ве остави без здив од моментот кога ќе ја погледнете.

Нејзината различност и специфичност се достојни за почит и восхит, и фасцинира со секоја нејзина насмевка.

Но покрај нејзината убавина, таа има спиритуална и емотивна свест, и е жив доказ дека убавината и паметот сепак можат да одат заедно. Таа е токму онаа девојка кај која убавината привлекува а карактерот задржува!

Девојка која се восхитува на пинап девојките и нивните облини, на гламурот на холивудските диви од минатиот век и целиот раскош кој го носи со себе vintage-от. Исто така ги обожува викторијанската ера и пост-апокалиптичните времиња, така да нејзините дневни креации и стил варираат од тоа „Во кој век се разбудила“ и најчесто се облекува онака како што се чувствува.

Како и да е секогаш е креативна, инспиративна и просто неодолива...
          
Големината на нејзината харизма, елан и живост, ја градат во трудољубив искрен човек кој во своето професионално резиме има оставено доста успеси и живописна историја.

Студентка е на Технолошко-Металуршкиот Факултет во Скопје и студира Инженерство на материјали и нанотехнологија, каде е стипендист со врвен просек.

Покрај љубовта кон науката таа има огромна пасија кон уметноста, каде припаѓа и модата и актерството. Досега најголемо признание во светот на филмот е успешниот кастинг на Game of Thrones која е и една од нејзините омилени серии. На полето на модата и фотографијата таа е редовно активна и соработува со многу креативни фотографи и уметници во Македонија.

Има многу хобија и интереси и е доста разноврсна, но ги практикува периодично или кога/како може. Најмногу и стагнира гејмингот годинава и нема воопшто време за нејзините омилени fps и rpgигрици , и сите нејзини омилени филмови од полето на хоророт, научната фантастика и фантазијата, како и читањето романи и дела.
 

Но како што таа самата веи – Мора да се има скала на приоритети, а со голема моќ доаѓа и голема одговорност. Па затоа факултетот и е на првото место, како и семејството и блиските, а фотомоделството едно од посериозните хобија. Како и да е, ова е доста квалитетна и необична девојка, девојка со многу добар, специфичен вкус на музика, девојка на која Македонија може само да се гордее.

lookbook »

Види галерија »

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО