Познатиот шпански бренд Манго за новата есенска сезона го ангажираше генијалниот моден фотограф Марио Тестино.

Во новата колекција пред објективите на Тестино позираше актерот Оливие Мартинез и моделот Јегор Венед, а од женските модели - Амбер Валета, Фреја Беа и прекрасната Ана Еверс. Валета за соработката со познатиот фотограф вели „Тестино и јас соработувавме на многу проекти, но ова е првиот во кој ме натера да танцувам“ додека Ана Еверс искажа воодушевување од колекцијата во која доаѓа до фантастичен спој меѓу машката и женска линија. Ваквиот флуид претставува и еден од најголемите трендови за оваа есен, а тоа можевме да го видиме и од бројните street style комбинации на познатите ИТ девојки од Модната недела во Њујорк.

Во продолжение погледнете ги најдобрите парчиња од новата колекција на Манго кои специјално за вас ги избраа нашите модни уредници >>

види повеќе »

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?