Погледнете го новиот едиторијал на Ирина Тошева во која манекенките претставуваат разиграни шарени птици на скопските покриви.

Инспирацијата за колекцијата е жар-птицата која живее во светот на приказните од словенскиот фолклор што дизајнерката ги проучуваше како дел од нејзиниот креативен процес. Оваа волшебна птица што сјае и доаѓа од далечна земја е и благослов и носител на несреќа на оној кој ќе ја фати. Нејзината потрага е пресликана во новата колекција, а фото приказната ни покажува дека оваа птица живее и на нашите покриви. „Сите имаме по некоја „своја“ жар-птица. Од нас зависи дали ќе ја заробиме или пуштиме слободно да лета.“ – изјави Тошева.

Жар птиците во едиторијалот се моделите Ангелина Блажевска, Бојана Нушкова и Ивана Васовска. За фотографиите се погрижи фотографот Миладин Паповиќ, фризурите се на Дарко Петковски, графичкиот дизајн - Игор Делов, додека преубавата шминката инспирирана од различните видови птици е на познатиот шминкер Виктор Мирчевски. Тие се „слободни и одмараат од нивното бегство“. Со овие зборови креативниот тим го објасни својот продукт за време на нивната промоција во концепт продавницата Wonderlust.

Колекцијата е симболично составена од 10 женски изгледи кои претставуваат резиме на различни елементи од досегашните дизајни. 

Парчињата се изработени од 100% памук, памучно платно и кепер, а целосниот изглед на манекенките е заокружен со чорапи од La Dama и чевли од Chantel.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?