FaceBook  Twitter  

Меланија или Мишел, која треба да победи во овој моден дуел?

Меланија Трамп (46) на прославата на победата на нејзиниот сопруг носеше елегантен бел комбинезон со широки ногавици и атрактивни карнери на рамениците со потписот на дизајнерот Ралф Лорен (инаку омилениот дизајнер на противкандидатката Хилари Клинтон). Таа ја обожува белата боја и многу често можеме да ја видиме облечена во бело од глава до пети, а покрај белата ја сака и силната розова боја, а со оваа блуза со „pussy“ панделка која ја носеше неодамна предизвика вистинска бура во медиумите.

Меланија со розовата pussy панделка на вратот

На денот на изборите Мелани носеше фустан од Мајкл Корс  и „камел“ капут од Balmain кој го носеше префрлен преку рамениците

Од друга страна пак, сега веќе поранешната прва дама на Америка и сопруга на Барак Обама, Мишел ја сака црвената и темно сината боја која совршено се согласува со нејзиниот тен. Таа најчесто избира лелеави модели зачинети со интересни и впечатливи дезени. Впрочем како и нејзината претходничка, Мишел редовно ги поддржуваше новите американски дизајнери, но и веќе етаблираните имиња, носејќи често креации со нивниот потпис. Сепак без разлика дали госпоѓа Обама ќе избереше парчиња од Jason Wu, Versace или J.Crew, или пак од некој дизајнер во подем, од неа секогаш очекувавме нешто светло, колоритно и креативно. И мораме да признаеме дека навистина знаеше да не воодушеви со нејзиниот избор, па најверојатно и ќе ни фали нејзиниот стил како прва дама на Америка.

Што се однесува до Меланија пак, за неа времето ќе покаже дали пуф ракавите и карнерите ќе и бидат моден фаворит и понатаму и дали и како прва дама на Америка ќе продолжи да експериментира со боите и ќе носи тесни фустани кои ја следат линијата на нејзиното тело, или пак треба да очекуваме мала промена во нејзиниот досегашен стил.

Како и да е, една од овие две дами има подобар стил? Кој е вашиот избор? Ние дефинитивно гласаме за Маленија!

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотелот располага со два ресторани, бесплатен интернет и рецепција која работи 24 часа. ...
Хотелот Бистра е сместен близу до Мавровското езеро и три жичари кои водат до прекрасните скијачки терени. ...
Новиот хотел Вила Рагуза е лоциран во мирна и при­­јатна средина на само 1км од цен­та­рот на гра­дот. ...
Уникатно опремениот ОК хотел е лоциран во мирен дел на градот, на 2.8 километри од центарот на Скопје. ...
Хотелот е лоциран во средината на рекреативниот центар Маврово, само неколку стотини метри од ски лифтовите и езерото. ...