loading...

Според познатите дизајнери конечно дојде времето во кое вашата долна облека можете слободно да ја покажете пред целиот свет!

Проѕирните парчиња се во мода веќе неколку сезони, без разлика дали станува збор за проѕирни блузи и кошули или фустани направени од ситна мрежа и префинета тантела. Овој тренд останува на сцената и за следната пролет, а како што можевме да видиме од колекциите на познатите дизајнери најсмели креации пристигаат од пистите на Кристофер Кајн и Марк Јакобс. И додека некои брендови ни препорачуваат женствени и сексапилни модели кои се совршени за вечерно излегување, порачувајќи ни дека сепак не треба да се претерува со овој тренд, споменатите брендови сексапилноста ја преставуваат во сосема ново руво за кое ви треба малку храброст да го понесете. Но тоа се однесува за следната пролет, а оваа есен како вовед во овој провокативен тренд пробајте ги комбинациите кои ни ги препорачуваат дизајнерите на Burberry – едно парче од проѕирна тантела во комбинација со еден затворен модел.

Преминете на следната страна и погледнете ги комбинациите >>

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО