Помина уште еден Моден викенд, најголемото модно случување во Македонија на кое можевме да ги видиме новите колекции на нашите дизајнери.

И сега, кога емоциите полека ни се враќаат во нормала, време е да ги средиме нашите импресии и впечатоци. Како на оние кои се одвиваа зад кулисите, пред и по ревиите, така и на оние кои не обземаа под рефлекторите и од сето она што се случуваше пред фотоапаратите кои неуморно го следеа секој чекор на убавите и самоуверени девојки кои зрачеа со сиот свој раскош на пистите. Нови пријателства, нови моменти, нови доживувања, но и нови парчиња и дизајнерски имиња за кои сме сигурни дека уште многу пати ќе ви пишуваме. 

Што се однесува до она што нам ни остави најмногу впечаток, тоа секако е „La Grande Belleza“ на Јована Филиповиќ со која беше отворен годинешниот Моден викенд, како и новата колекција на Ирина Тошева инспирирана од жар-птицата со која всушност и се затвори настанот. Па погледнете како овие прекрасни и пред се креативни луѓе даваа се од себе за она што го гледавме овие денови да изгледа и повеќе од совршено, но и за самата атмосфера пред и по ревиите (тука пред се мислиме на прекрасната публика), фатени и овековечени со креативното фотографско око на нашата позната фотографка Ерина Богоева.

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО