Првата вечер на Mодниот викенд Скопје беше резервирана за една од најпопуларните македонски дизајнерки Јована Филиповиќ

Една од најдобрите колекции за оваа сезона ги воодушеви сите со својата префинета визија проткаена со доза на гламур и декадентна и хедонистичка естетика. Колекцијата е инспирирана од филмот на познатиот италијански режисер Паоло Сорентино „La Grande Belleza“ (Големата убавина), а едноставната порака која што Филиповиќ сака да ја пренесе се однесува како на безвременоста, така и на минливоста на трендовите. Сето ова е бескомпромисно вткаено во секое парче од колекцијата, а во фокусот се префинети модели инспирирани од машките кроеви, како и неодоливи фустани и здолништа кои врескаат со сексапил. Тука се и прекрасните бомбер јакни за кои сме сигурни дека ќе исчезнат од закачалките за рекордно време, како и бројните монохроматски комбинации и парчиња направени од раскошни материјали со богати текстури кои не освоија на прв поглед.

 

види повеќе »

 

Фото: FWSK

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com