Познатиот австралиски дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски е прогласен за моден лауреат за 2016 година во Австралија.

Оваа награда се доделува на дизајнери кои постигнале значаен придонес за развој и промоција на австралиската модна индустрија, а оваа година наградата заслужено му пропадна на Матичевски. Неговите креации досега ги имаат носено најголемите ѕвезди (погледнете тука како Џиџи Хадид носи капут со неговиот потпис), а за една од неговите последни ревии (види тука) пишуваа сите позначајни медиуми во светот на модата.

Инаку, дизајнерот Тони Матичевски е роден во 1977 година во Мелбурн, Австралија, а неговите родители се од Македонија. Тој заврши на RMIT University, а по завршувањето на студиите победува на Fashion Group International Award што резултира со место и соработка со Дона Каран во Њујорк. Потоа тој работи во Париз две години за познатиот бренд Cerruti, а во 1998 година се вреќа во родниот Мелбурн каде го лансира својот бренд кој го носи неговото име. Во 2002 година  е прогалсен за најдобар нов дизајнер од L'Oréal Melbourne Fashion Festival и истата година учествува во Mercedes-Benz Australian Fashion Week. Еве дел од неговата последна колекција коja можe да се набави и онлајн од неговиот The Maticevski E-Boutique.

Премини на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com