ban2

 Нов моден десерт од нашиот омилен македонски бренд

Познатите модни блогерки Искра и Вера кои стојат зад модниот бренд „ Aesthetics Illustrated “ неодамна го претставија својот едиторијал за нивната колекција Hybrids (Хибриди). Едиторијалот е направен во соработка со фотографот Владимир Видановски, додека во улога на модели се девојките Сара Крстевска и Лина Николовска.

Инаку, ова е прва колекција на Искра и Вера под овој бренд, а во неформален разговор ни открија дека наскоро треба да очекуваме ново изненадување од нив. Колекцијата беше претставена во рамките на BAFE во Белград (модна манифестација посветена на младите дизајнери од регионот) каде беше одлично примена од публиката. Станува збор за „edgy“ парчиња, со необични аморфни облици и асиметрични кроеви во футуристичкиот стил.

Пет прашања и пет фотографии со Искра и Вера, девојките од најминималистичкиот блог во Македонија

Речиси сите парчиња можат да се трансформираат и да се употребат во сосема поинаква намена, односно да се избрише разликата помеѓу „еклектичниот“ и секојдневниот изглед, а од материјалите доминираат проѕирните пластични материјали и еко крзно.

Најдобрите комбинации на македонските модни блогерки со кои ќе го освежите вашиот стил

Ако сакате да го прочитате и нашето последно интервју со Искра и Вера и да ги видите во малку поинакво издание, кликнете тука.

види повеќе »

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?