Познатата македонска дизајнерка Јована Филиповиќ ја лансираше својата кампања за новата колекција за пролет-лето 2016.

По преставувањето на успешната колекција за есен-зима 2016, Јована овој пат се поигра со раскошни материјали и кроеви за кои сме сигурни дека ќе им се допаднат на нашата публика. Што се однесува до палетата на бои, впечатлива е модната крајност, од една страна тука се црната и белата, но и малиот фустан во жолта боја, како и парчињата во преубави металик нијанси. Присутни се асиметричните кројки како и предимензионираните широки (ѕвонести) ракави кои важат за еден од најголемите трендови за оваа сезона, но и парчиња (панталони и блејзери) кои изгледаат како да се позајмени од машкиот плакар. Едиторијалот е направен во соработка со блогерката Јована Зука која воедно е и нејзина најдобра пријателка, додека за преубавата шминка на моделот Ангела Карова се погрижи Дарко Мишовски.

Едиторијалот е снимен на хотелот Водно.

Фото: Јована Зука

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?