Алесандра Амбросио е избрана за заштитно лице на брендот „Coast“ кој неодамна ја пласираше својата нова колекција.

Оваа сезона во фокусот на овој бренд се силните бои и цветните дезени кои згодната манекенка ги носи на крајно атрактивен начин. Креативниот директор на брендот за нејзиното учество во кампањата има само пофални зборови.

„Таа е преубава и привлечна, и на вистинскиот начин го покажува гламурот на нашата нова колекција. Таа е вистински избор за нашата компанија.“

Инаку, линијата е наречена Икони на летото и поседува нота на провокативен гламур, па е совршен избор за оние кои сакаат постојано да се во тренд.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com