Веста за смртта на култниот дизајнер Александар Меквин во 2010 година ги шокираше сите, додека неговиот бренд продолжи да живее и деновиве Сара Бартон ја претстави новата колекција на Модната недела во Лондон!

Сара Бартон која стои зад овој бренд наведе дека женската опсесија е клучот за колекцијата за есен зима 2016 и поносно ја нарече „исткаена од соништа“. Егзотични пеперутки и процветани цветови кои се појавуваат како мотиви на долгите фустани од шифон, додека еднорозите се појавуваат на краевите од свилените фустани – капути. Џебни часовници во боја на злато закачени на капутите и јакните со ремени во струк, додека на проѕирните корсет-фустани светкаат соѕвездија под кои се гледаат заниосните тела на манекенките.

Фотографија од бексјтејџ пред ревијата ...

Од секси тантела од глава до пети со која беа прикриени ѕвездените фустани, па се до разиграните фустани, капути, панталони и сакоа – овие парчиња преставуваат вистинско уметничко дело кое ќе ги воодушеви и најголемите љубители на модата. Капут направен од фантастичен сјаен материјал, богато украсен и со совршен крој, фустани со цветен принт и неочекувани детали и елементи. Погледнете!

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО