И покрај тоа што е во поодминати години, Ајрис се уште не се откажува од своите животни и стилски начела кои ја прославија.

Приказната за нејзиниот необичен живот, но и нејзините стилски совети кои вредат злато прочитајте ги на крајот од овој текст. Оваа, како што самата за себе вели, „геријатриска старлета“ е една од најголемите модни икони на 21 век, а таквата ласкава титула и ја обезбеди нејзиниот посебен и екстравагантен стилски печат. Ајрис Апфел е родена на 29.8.1921 година во Њујорк, што значи дека неодамна го прослави својот 96 роденден!
 

Позната дизајнерка на ентериер родена е во добро ситуирано еврејско семејство, има завршено историја на уметноста и уметничко училиште. Нејзината мајка Седи Барел била сопственичка на моден бутик и важеше за голема обожавателка на модата. Ајрис како млада работела за признатиот моден магазин WWD како асистент илустратор на Роберт Гудман, а својата богата кариера ја започнува со познатиот дизајнер на ентериер Елинор Џонсон. На 27 години ќе се омажи за Карл Апфел, со кого ќе основа текстилна компанија која успешно работи се до 1992 година. Тие беа заедно се до неговата смрт, во август минатата година. Немаа деца.

Во нејзината биографија постои и ангажманот во кој како дизајнерка има работено во Белата куќа – го средувала просторот дури на 9 претседатели: Труман, Ајсенхауер, Кенеди, Џонсон, Никсон, Форд, Картер, Реган и Клинтон. Денес таа има и свој документарен филм „Ајрис“ снимен во 2014, а нејзината несекојдневна приказна ја режираше продуцентот Алберт Мејслес. Во документарецот еден од клучните моменти во животот на тогаш се уште младата Ајрис бил кога отишла во шопинг во сега затворениот бренд „Loehmann's“. Таа и се допаднала на сопственичката Фрида Лоeхман која и се обратила со зборовите на кои Ајрис и ден денес се сеќава:

„Те набљудувам девојко. Ти навистина не си убава и тоа никогаш нема да бидеш. Но тоа не е ни премногу важно бидејќи ти имаш нешто што е многу подобро од тоа... Ти имаш стил!“, тоа е приказната која што Ајрис и денес гордо ја раскажува.

Иако денес токму нејзиниот екстравагантен стил ја прави да биде една од најголемите модни икони, таа всушност не размислува премногу за него: „Облекувањето ми е најмала грижа. Стилот или е или не е запишан во вашите гени, но ако го имате тогаш морате и понатаму да го негувате“, неретко истакнува оваа необична дама во нејзините интервјуа.

 

Подобро е да бидете среќни отколку добро облечени

Секогаш велам, облекувај се за себе, а не за останатите.

Кармин – колку е поцрвен, толку е подобар!

Исклучоците ги потврдуваат правилата. Токму затоа не ги сакам правилата

Да работите по свое е најдоброто нешто на светот. Ако имате што да работите...

Ако фризурата ви е средена и имате добри чевли, ќе поминете одлично во секоја ситуација ...

Ако не се облекувате како останатите, не мора ни да размислувате како нив.

Повеќе е повеќе, а помалку е досадно!

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?