Нов моден бренд од Њујорк за кој сме сигурни дека ќе ви се допадне.

Валери Бостер и Мередит Мелинг ги напуштија уредничките позиции во Вог и заедно со Моли Хауард која замина од позицијата business developer во „Rag&Bone“ решија да го основаат новиот моден бренд „La Ligne“. „Единственото нешто што е брзо кај модата која што ја создаваме ние е нејзиното доаѓање до вашите врати“ велат тие за новиот бренд кој на жените ќе им овозможи секојдневно да изгледаат и да се чувствуваат добро. Станува збор за бренд во чии основи се рамните линии, симболот на едноставноста и чистотата кога зборуваме за модата и облеката. Но, и покрај тоа што култните ригички редовно се присутни во нивните колекции, базичните идеи се проширени со интересни и креативни дизајнерски модели.

„Ние создаваме есенцијални парчиња, а ако во нив не можете да јадете, танцувате, спиете и пиете, ние тоа нема да го направиме“, велат дизајнерките кога го опишуваат својот бренд кој веќе стекна култен статус меѓу познатите трендсетерки како што се Карли Клос, Алисон Вилијамс, Леандра Медине и Оливија Вајлд.

Премини на следната страна >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?