ban2

Поразговаравме со неколку од нашите омилени македонски блогерки за тоа која е нивната идеална комбинација за претстојната новогодишна ноќ. 

Дали тие ќе носат нешто минималистично или пак препорачуваат нешто светкаво прочитајте во продолжение ...

Вера од www.aestheticsillustrated.blogspot.com »

Според мене идеален аутфит за Нова Година би било нешто минималистичко и елегантно, но пред се' удобно. Всушност мојот аутфит за Нова Година нема да се разликува премногу од она што би го носела на излегување преку целата година. Ќе носам црн фустан и црни потпетци. како и аксесоари кои ќе ми го болдираат изгледот: специфичен накит и нормално, WEТ плико чантата, дизајнирана од мене и Искра под името Аesthetics Illustrated.

Марија од www.fabulousisfreedom.com »

Немам големи планови за новогодишната ноќ, ќе ја поминам во опуштена атмосфера со најблиските пријатели. Тоа што ќе го носам ќе биде лежерно и комотно, перфектно за домашни услови. Но, доколку сакате да блеснете за новогодишната ноќ. препорачувам мноооогу светки.

Александра од www.iamalekkpotter.blogspot.mk »

Мојот стил е едноставен, удобен и најчесто монохроматски. За новогодишната ноќ ќе излезам од мојата комфорт зона и ќе облечам црно фустанче и високи потпетици. Најголемо значење, како и секогаш, ќе и дадам на шминката. Eфектот на интензивно зачадени очи со тенка линија на црн туш, истакнати јаболчници и неутрални усни се мојата најомилена комбинација. Не заборавајте да ја фиксирате шминката за да ви трае цела вечер се додека забавата не заврши. Неколку нанесувања  од најомилениот парфем пред излегување ќе го даде соодветниот финиш и спремни сме за танцување!

Искра од  www.aestheticsillustrated.blogspot.com »

Се' уште немам дефинирано што ќе носам за новогодишната ноќ но сигурна сум дека и оваа година ќе ги избегнам светкавите парчиња облека.Ќе се задржам до едноставниот и минималистички стил, но секако надополнет со доза на елеганција.

Марина од www.maramasplace.blogspot.mk »

За новогодишната ноќ мојот избор е класичен изглед, сакам фустани или здолништа и кошули. Црвена и бордo се мои бои, па речиси секогаш за прослави одбирам парче во некоја нивна нијанса. Иако сакам секоја година да купувам некое ново парче гардероба или моден додаток, оваа година мојот избор е парче кое веќе го имам во плакар - бордо фустан, со А крој и миди должина.

 

Елена »

Модна блогерка со преголема Инстаграм опсесија. Чест патник во 57ца. Обожава нудли, откривање на нова музика и Pugs.

Кликни тука и посети го нејзиниот блог »

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?