FaceBook  Twitter  

Швајцарско-српскиот бренд Sister Code е основан во април 2012 година од страна на сестрите Бојана и Владана Вељковиќ.

Станува збор за мал и релативно нов бренд, но според сето она што го видовме досега, може со сигурност да се каже дека брендот чекори кон глобалната сцена.

Сестрите Вељковиќ (Sister Code) и Игор Јагиќ на втората вечер на овогодинешниот  Belgrade Alternative Fashion Event – BAFE (30.05.2014) ќе ја престават новата линија Still Same by Sisters & Brothers Code за есен /зима 2014/15.

Станува збор за ready-to-wear колекција која во исто време е и модерна линија на облека. Составена е од фустани, маици, блузи и здолништа, како и придружни модни додатоци од кожа (приврзоци за клучеви, футроли за Ајпад, чанти и т.н.). Главната инспирација за оваа колекција потекнува од Јужна Франција каде престојувале сестрите, односно од уличната мода во Mонако. „Користиме материјали кои се внимателно избрани, како свила, сатен, жерсе, тантела, ликра и памук, бидејќи квалитетот е нашиот врвен приоритет. Накитот е изработен од страна на Bling Thing Jewelry  во Цирих, додека обетките се на Нада Аксентијевиќ“, велат сестрите за колекцијата Still Same. Модниот бренд е насочен кон девојките и жените кои сакаат едноставност, со допир на гламур, кој овозможува секоја жена да се чувствува удобно додека ги носи креациите.

Brothers Code е линија под етикетата на брендот Sisters Code, која што ексклузивно за машките е креирана од страна на познатиот манекен Игор Јагиќ. Нивната соработка започна минатата година на BAFE 13. Колекцијата ќе се состои од кошули, маици и бермуди. Што се однесува до материјалите, доминираат памук и тексас, а моделите ќе будат во чекор со актуелните трендови.

Концептот е таков што сите креации се многу згодни за носење, некои за дневни варијанти, а и за во текот на ноќта, бидејќи сакаме да се базираме на уличниот („кежуал“) стил кој го преферираат мажите од сите возрасти.

Модната линија Still Same ќе биде пласирана вп Белград, Цирих и Минхен до крајот на 2014, а повеќе информации можете да видите на нивниот официјален сајт www.sisters-code.com.

Пишува: Амет

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотел-вила со три ѕвезди сместен во мирна и тивка околина, на само 5 минути пешачење од цен­тарот на градот. ...
BEST WESTERN Hotel Bellevue – Вашиот избор за свадба од соништата
Пица ресторан во центарот на Битола.
Ресторанот Маракана се наоѓа во средиштето на Градскиот парк во Скопје. ...
Во самото срце на Градскиот парк, среде богатото зеленило, се наоѓа реномираниот ресторан "Уранија". ...