Која комбинација ви се допаѓа повеќе?

Познатата пејачка Ријана деновиве го промовираше филмот „Valerian“ во Париз, па за време на престојот во градот на светлината беше поканета на средба со Брижит и Емануел Макрон.

29-годишната пејачка и 64-годишната прва дама на Франција се сретнаа пред Елисејската палата во Париз. За таа пригода Рири носеше предимензионирана црно-сива комбинација од Диор, додека Брижит се појави во тесни фармерки и високи потпетици.

 


Booking.com