Првата дама на Америка на посета на родната Европа

Стилот на Меланија Трамп се промени откако стана Прва дама на Америка. Но во позитивна насока, па така сега секоја комбинација со која ќе се прошета во јавноста предизвикува внимание во модните магазини. Овој пат при посета на нејзината родна Европа, односно Варшава и Хамбург, убавата Словенка грееше во светло розови панталони со рамен крој и со геометриски дезен, црна тесна блуза со долги ракави и совршени црни салонки за кои се вели дека секоја дама би требало да ги има во своите плакари.

Но овој пат вниманието најмногу го привлече не со својата комбинација, туку со контроверзната чанта од Хермес која што Првата дама на Америка гордо ја држеше во рацете, а чија цена може да достигне и преку 15.000 евра, на пример ако има детали од 10 каратни дијаманти, додека најевтините модели можат да се најдат и околу 4000 евра. Имено станува збор за чанта направена од крокодилска кожа, па токму поради тоа и се смета за контроверзна. Модната куќа поради неа многу пати се најде на мета на различни здруженија за заштита на права на животните, бидејќи крокодилите за потреба на модната индустрија се одгледуваат во специјални фарми и брутално се убиваа, а потоа од кожата им се прават чевли, ремени и чанти.

И што е најбизарно и најморбидно во оваа модна приказна, на крокодилите на овие фарми понекогаш им ја дерат кожата и додека се живи ...


Booking.com