Таа секогаш носи скапи парчиња во кои понекогаш и не изгледаат баш сјајно

Селин Дион е позната по елегантните изданија, со кои некогаш ќе ја погоди комбинацијата и ќе изгледа убаво, но понекогаш ќе изгледа какао да е потполно скарана со модата и добриот стил. Таа неодамна повторно ги изненади сите која пред еден познат хотел во Париз се појави во многу полежерно издание.

Белите патики и ова лето се меѓу водечките трендови >>

И кога велиме лежерно мислиме на необични широки тренерки на кои има неколку големи натписи како „Woman", "Off", "Nothing New".

Селин впечатливите тренерки ги носеше во комбинација со бели патики кои на моменти наѕираа од под прешироките ногавици кои пак за целото време се влечеа по подот. Покрај патиките (за кои мораме да признаеме дека како и тренерките се во мода, особено во комбинација со елегантни парчиња), пејачката носеше и голема црна чанта и црни очила за сонце.

Како да носите пижами во вашите секојдневни комбинации >>

Ние нема да ја коментираме оваа комбинација освен што ќе кажеме само дека модните критичари не беа баш воодушевени од ова нејзино издание.

Џенифер Лопез ни покажа како да носиме тренерки >>

Што мислите вие?


Booking.com