Познатата актерка од хит серијата Династија на црвениот килим на доделувањето на БАФТА наградите во Лондон.

Познатата актерка Џоан Колинс ги изненади сите со својот изглед на доделувањето на телевизиските БАФТА награди во Лондон. И покрај тоа што од страна на медиумите пристигна остри критики за нејзиниот стајлинг (дека изгледала премногу кич, дека фустанот со сирена крој како и прешироките ракави НЕ одговараат баш најдобро како на нејзините години, така и на нејзиното тело), ние едноставно не можеме да го прескокнеме фактот дека оваа дама има 83 години и изгледа фантастично во ова блескаво металик издание од глава до пети.

Па дури и многу подобро од многу нејзини помлади колешки кои не изгледаа ни приближно како неа. Не треба да заборавиме и дека Колинс е голема ѕвезда па оваа блескаво гламурозно издание потполно и стои.

Најубавите металик обувки за оваа сезона >>

Што мислите вие?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО