Кога и да се појави во јавноста предизвикува внимание, и тоа најмногу поради парчињата што ги носи и кои се со потписот на познатите дизајнери.

Сопругата на Џорџ Клуни важи за една од најдобро облечените познати бремени жени. Но Амал Клуни е многу повеќе од само сопруга на еден од најшармантните холивудски актери. Таа е и позната успешна адвокатка која и во 6 месец од бременоста не се откажува од своите обврски, но и да го следи својот сопруг на најразлични настани.

Тесниот фустан го истакна стомачето на бремената Aмал Kлуни >>

Секако дека секое нејзино појавување во јавноста го привлекува вниманието на медиумите, особено поради нејзините парчиња кои се со потписот на познатите дизајнерски имиња. Од нив не се одвојува ни во бременоста, како ни од високите и елегантните потпетици, а многумина се прашуваат што ќе прави со сите тие парчиња откако ќе се породи, односно откако ќе го нема стомакот. Имено, откако се дозна дека очекува близнаци, Амал се прошета во облека која вкупно изнесува преку 168 илјади фунти.

Како бремената Aмал Kлуни носи црно од глава до пети >>

Stella McCartney, William Vintage, Bottega Veneta, Valentino, Saint Laurent, Versace и Giambattista Vali се само некои од дизајнерите кои ги носеше, а бидејќи бебето треба да се роди во јуни, веруваме дека овој попис дополнително ќе се зголеми во периодот што следува.

Големо браво за ова елегантно издание на Амал Клуни >>

Но очигледно за парот Клуни парите не се проблем.

Најважната работа за бременоста на Амал Клуни е неточна – нејзиниот сопруг ја откри вистината >>


Booking.com