Нема сомнеж дека Моника Белучи е една од најубавите жени на целиот свет и дека нејзината убавина и сексапил не стареат!

Исто како што нема сомнеж и дека Моника во овој проѕирен фустан од тантела изгледа фантастично и дека ретко која дама би изгледала вака елегантно како неа кога би ја носела истата креација. Таа со нејзината беспрекорна привлечност со неподнослива леснотија успеа да ги воодушеви сите на уметничката изложба посветена токму на неа кога го носеше овој црн фустан од тантела кој многу малу остава на фантазијата. Фустанот и покрај тоа што е целосно затворен (ако воопшто можеме да се изразиме така за оваа креација) сексапилот се однесува на проѕирниот материјал под кој се гледа долната облека на Моника. 

Моника во фустан од тантела се појави и пред претседателот на Франција Франсоа Оланд кога и беше врачен орденот Легија на честа!

Но тоа воопшто не изгледа евтино, особено не кога станува збор за жена која зрачи со нејзината сензуалност и префинетост. „Човечкото тело е најдоброто уметничко дело“, напиша Белучи под една од фотографите на која позира токму во овој проѕирен фустан

Но покрај оваа фантастична креација Моника пред неколку дена се појави на премиерата на „Mozart in The Jungle Special Screening“ во Лос Анџелес во издание кое може да се нарече потполно промашување во црно. Имено, таа се појави во црна креација која буквално го голтна нејзиниот сексапил и потполно ја уништи нејзината безвремена атрактивност.

Или барем така пишуваат некои модни магазини. Што се однесува до нас пак, таа и во долгиот црн фустан изгледа мошне привлечно. Можеби не како на оваа фотографија, каде нејзината беспрекорна линија повторно е истакната на најдобар можен начин, но сепак ни покажа дека жена и кога е закопчана до грло може да изгледа привлечно и секси.

Што мислите вие?


Booking.com