FaceBook  Twitter  

Поранешната Плејбој зајачица Викторија Силвстет и Меланија Трамп се познаваат уште од времето кога биле на почетокот на своите кариери како модели.

Каква беше Меланија на почетокот на својата кариера, откри Викторија за американските медиуми. „Живеевме заедно речиси една година во Париз, во средината на 90-тите, кога и двете бевме на самиот почеток на нашите кариери. Јас само што дојдов од Шведска, а таа од Словенија и навистина веднаш се спријателивме. Таа е прекрасна личност и за неа имам само пофални зборови“ вели Викторија и додава:

„Меланија отсекогаш внимаваше на облекувањето и ја интересираше модата. Таа е жена со стил и ќе биде прекрасна прва дама, тоа е сигурно. Не велам дека Белата куќа и претходно не била гламурозна, но Меланија навистина е модна икона и се уште изгледа прекрасно. Претпоставувам дека бројни дизајнери веќе се натпреваруваат чии креации ќе носи.“

Русокосата Швеѓанка откри и која дама Меланија ја обожавала отсекогаш. „Таа во една пригода на мојата мајка и кажа дека сака да стане позната како Софија Лорен. Нејзината модна инспирација од секогаш и била Софија Лорен, таа е нејзиниот идол и бескрајно се воодушевуваше од нејзината убавина, изглед и таинственост“.

„Додека живеевме заедно понекогаш знаевме да одиме и на по 12 кастинзи дневно, да трчаме од едниот крај на градот на другиот со book-от во рацете и да се натпреваруваме со стотина девојки за некоја работа. Токму затоа и повеќето време го поминувавме во подземна железничка, и бевме девојки од различни земји кои не зборуваат јазикот на земјата во која се наоѓаат. Не беше лесно, но одлично се согласувавме. Таа никогаш не излегуваше и не се забавуваше. Секогаш беше силна и одлучна, сериозна во својата работа“, вели Силвстет.

„Таа навистина сакаше да успее во животот. Најверојатно не потекнуваше од најбогатото семејство на светот. Таа работа и беше платформа за остварување на нејзините цели во животот. Токму затоа и ви велам - Меланија е вистински борец и амбициозна жена – како таква во главно ја памтам. Никогаш не се откажуваше, во тоа сум сигурна. И токму затоа за таа жена можам да би кажам само најубаво. Таа навистина е драга личност, многу посебна“.

Премини на следната страна >>

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотелот "Турист" е изграден и отворен во 1986г. како анекс на хотелот "Метропол". ...
Само 6 км од Маврово ски-центарот овој хотел е сместен во националниот парк, со поглед на Мавровско Езеро. ...
Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од Охридското Езеро. ...
Ексклузивниот бутик хотел и спа центар Вила Александар е сместен на мирна локација во предградието на Охрид. ...
Хотелот е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. ...