#LOVE »

Еве што носеше Амал Клуни овој септември

Познатата адвокатка и сопруга на Џорџ Клуни важи за една од најдобро стилизираните жени на светот, а овие фотографии се совршен доказ за тоа. Таа само овој месец носеше прекрасни изданија со кои ги полнеше страниците на познатите модни магазини, без разлика дали станува збор за нејзините деловни комбинации, парчиња што ги носи на црвениот килим или едноставни кежуал изданија со кои се шета низ улиците на Њујорк, Лондон, Милано...

Таа за преодниот период и првите есенски денови носи фустани од најпознатите модни брендови кои најчесто се со А-крој, затворено деколте и должина до колена, но во нејзиниот деловен изглед не ги избегнува ни рамните панталони кои најчесто ги носи во комбинација со капут или блејзер и стејтмент високи потпетици. Па отворете ја галеријата и погледнете ги нејзините најдобри есенски изданија и инспирирајте се како да изгледате во периодот што следува.

Премини на следната страна >>


Booking.com