Познатите холивудски дами во прекрасни гламурозни изданија на црвениот килим на доделувањето на Еми наградите.

Бројни познати актери се појавија на црвениот килим на наградите кои веќе одамна преставуваат вистински пандан на филмските Оскари. Сепак, апсолутен победник на доделувањето беше популарната серија „ Game of thrones, “ која веќе втора година по ред е прогласена за најдобра драмска серија во Светата шума.

Покрај оваа награда која можеби е и најважната, оваа драма освои уште 14 други награди со што стана најнаградуваната серија во историјата на Еми наградите.

Но, овој настан за нас не е интересен само заради доделувањето на наградите, туку и по прекрасните креации на познатите дами.

Имено, овој пат најмногу прашина подигна прекрасната Емили Ратајковски која на црвениот килим се прошета во прекрасна креација од Зак Позен, како и „ветеранките“ Софија Вегара и Хајди Клум кои на сите ни одржаа лекција по сексапил.

Премини на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?