Околу нас има се повеќе луѓе кои се борат за еднакви права на жените и мажите

Бројни познати ѕвезди зборуваат дека жените денес треба да имаат еднакви права за образование, работа како и на заработката што ја имаат и мажите. Но многумина сметаат и дека на жените местото им е во куќата како би се грижеле за семејството и би биле тука за сите потреби на мажите. Меѓу нив е и познатата балканска блогерка Зорана Јовановиќ која на социјалните мрежи е попозната како Зораннах.

Еве што вели таа:

„Секој го води својот живот, ова е мој канал и мој живот и ќе го споменувам моето момче колку што сакам. Јас никогаш во животот не би барала од него да ја отфрли својата кариера, бидејќи сметам дека е машко и дека неговата кариера е поважна од мојата. Јас мојата работа можам да ја работам од тука, ама ако не можев, не би било крај на светот ако ги затворев вратите на мојата кариера заради семејството. Секој има свои приоритети во животот, јас него ќе го следам и до крајот на светот бидејќи секоја жена треба да го следи мажот, а не тој неа. Мажите кои што тоа го прават се безработници, папучари и пијавици и ни еден од нив не треба да очекува дека жената ќе го издржува. А жената има полно право да го очекува тоа бидејќи ги подига децата и се грижи за нив, а ако има време покрај тоа да работи тоа е бонус.“

 

Познатата блогерка на крај додаде и дека смета дека нејзиниот став не нешто што треба да го задржи за себе, бидејќи би имало помалку разводи и самохрани мајки кога и другите жени би размислувале како неа.

„Јас не разбирам како некој може себе да се стави пред својот маж. Тој треба да биде приоритет број 1, па тогаш ти или ако имаш деца тие се по него, па тогаш си ти и сите останати... Да има повеќе жени како мене помалку би имало разводи и самохрани мајки“, вели таа.“

 

Јована поради овој коментар се најде на удар на своите обожаватели.

Што мислите вие за нејзиниот став?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?