Познатиот шпански бренд Манго во серија интервјуа „Journeys“ ги открива градовите ширум светот на еден сосема нов начин.

Познатите трендсетерки не водат низ своите омилени, сокриени места кои ги имаат пронајдено во своите градови. Во серија интимни и поприлично интересни разгледувања, покрај најдобрите места овие девојки ги откриваат и своите омилени модели од Манго.

По Тексас, Буенос Аирес и Токио, Манго не води низ Њујорк, а нашиот нов водич низ овој град (и низ новата колекција на шпанскиот бренд) е познатата модна блогерка Леандра Медин. Таа пред неколку години се истакна на модната сцена со нејзиниот посебен, препознатлив стил и фотографиите што ги објавува на блогот „Man Repeller“ кој за брзо време прерасна во еден од најпознатите lifestyle портали со фокус на модата, трендовите и новостите. Во својата нова улога на водич, таа низ градот во кој живее и работи ги открива своите омилени места, но и зошто го сака Градот кој никогаш не спие. Шетајќи се низ градот со екипата на Манго испи кафенце но и пронајде неколку одлични книги за својата библиотека, а целата прошетка ја зачини со своите омилени парчиња од актуелната колекција на Манго.

Па погледнете ги неочекуваните комбинации и стилски трикови на Лендара Медин со парчиња од познатиот шпански бренд, но и како изгледа Њујорк низ нејзини очи.

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?