ban2

Најслабата девојка на интернет

Така барем ја нарекуваат блогерката од Украина која изгледа како сенка, жив костур на социјалните мрежи. Но и покрај тоа нејзините фотографии дополнително ги преработува како би изгледала уште послабо. Станува збор за Алена Богданова која е со екстремно тенката половина, преслаби нозе и само еден голем дел на нејзиното тело – вештачки гради.

Алена Богданова сосема оправдано го заслужува епитетот најслабата девојка на Инстаграм, но тоа за неа како да не е доволно, па оди и чекор понатаму. Погледнете само како дополнително ја намалила својата и онака тенка половина.

Што и да облече и во какво издание и да се претстави, и сето она што го има на себе е во втор план покрај нејзината преслаба линија. Но очигледно дека нејзе токму тоа и е и намерата. Повеќе од својот добар стил Алена сака да го промовира својот премал број килограми, а ние се надеваме дека работата нема да и избега од контрола и да заврши како уште еден пациент на специјалното одделение каде што се лечат болните од анорексија.

Што мислите вие?

Фото: Инстаграм/ Принтскрин

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?