Кјара во центарот на вниманието и на филмскиот фестивал во Венеција

Познатата италијанска блогерка Кјара Ферагни која од својот блог направи милионски бизнис се појави на филмскиот фестивал во Венеција во поприлично необичен фустан. Станува збор за драматична бела креација која беше изработена специјално за неа. Фустанот кој потсетува на венчаница е со потписот на генијалниот дизајнер Лоренцо Серафини, а најмногу внимание привлече од задната страна поради долгиот шлеп.

Кјара во него направи и фантастични фотографии за Инстаграм, како вистинска професионалка. Многумина веќе се прашуваат дали слична креација ќе носи и на венчавката со италијанскиот репер Федез кој ја запроси пред неколку месеци на нејзиниот 30-ти роденден.

Па, дали ви се допаѓа овој фустан?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?