Атрактивната бринета го привлекува вниманието со својот изглед, но и со прекрасните фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм.

Можеби не сте ја гледале во тин серијата Pretty Little Liars но оваа симпатична девојка сигурно ја знаете. Станува збор за актерката Шеј Мичел која покрај своите улоги привлекува внимание и со атрактивниот изглед и прекрасните фотографии кои редовно ги објавува на Инстаграм поради што секојдневно нејзиниот број на следбеници се зголемува.

Згодната актерка во моментов има преку 17 и пол милиони фанови и признава дека многу време посветува на своите фотографии. A тоа го забележавме и ние, особено кога патува низ светот што без проблем може да си го дозволи.

Овој пат Шеј сите ги остави без здив и тоа со фотографии од грчкиот остров Миконос која е мошне популарна дестинација за познати фаци.

Ние ги избравме најубавите фотографии па се надеваме дека Шеј ќе ве инспирира и за слики од вашиот годишен одмор, а можеби и модно бидејќи актерката има беспрекорен вкус за мода, а по она што можевме да го видиме, тоа сé се хит летни парчиња, кои можете да ги најдете во некоја од познатите хај-стрит продавници и тоа на попуст.

Па, погледнете и уживајте...

Фотографиите можете да ги видите на следната страна >>

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?