Едно од најдобрите изданија на Коачела

Познатата модна блогерка Оливија Кулпо не воодушеви со нејзиниот стајлинг со кој се појави на фестивалот Коачела. Станува збор за музички фестивал кој традиционално се одржува во Калифорнија и кој претставува многу повеќе од добра забава и луда журка. Имено на овој фестивал можете да ги видите најпознатите ИТ девојки во прекрасни (најчесто бохо) изданија, а тоа се однесува и за бројните забави кои ги организираат брендовите и познатите магазини паралелно со музичките настани.

Пролетни панталони совршени за деловни комбинации >>

Па така Оливија оваа кул комбинација ја носеше на забавата што ја организираше познатиот магазин Pop Sugar. Таа нејзиниот пижама-комбинезон со риги го носеше со шик сандали и мала чанта во сива боја, додека целата комбинација ја „освежи“ со еден секси детаљ кој едноставно не можете а да не го забележите – блогерката не носи градник.

Облеката со риги се маст-хев за оваа пролетна сезона >> 

Па, дали би сакале да видите вакви девојки на некој од нашите музички фестивали како што се Д Фестивал , Skopje Street Festival и сл.

Најдобрите панталони со риги кои се совршени за вашите (про)летни комбинации >>

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com