Сите сакаат да знаат која е оваа девојка

Талита фон Фурстенберг има само 17 години, а веќе ги носи најновите и најскапите парчиња од најпознатите дизајнери, патува на најубавите места на светот и го живее животот под полна пареа како ретко кој може да си дозволи.

Но тоа за неа не е проблем бидејќи е ќерка на принцот Александер, а нејзината баба е познатата дизајнерка Диjан фон Фурстенберг, на која Александер и е единствен син. Да, Талита доаѓа од богато и угледно семејство, а на Инстаграм има преку 80 илјади обожаватели.

Погледнете како живее грчката принцеза Oлимпија >>

Талита ја обожава модата, но и егзотичните патување. Таа не ретко носи дизајнерски парчиња какви повеќето други тинејџерки, но и возрасни жени можат само да сонуваат.

Токму затоа на социјалните мрежи но и во модните кругови почнува се погласно да се шушка дека таа е новата ИТ девојка, а ако на ревиите не доаѓа со нејзината позната баба, тогаш е во друштво на нејзините угледни братучетки: Изабела Гети и принцезата Марија Олимпија од Грција која едно време медиумите ја поврзуваа и со принцот Хари.

Талита живее во Њујорк но преку лето е во Грција, а зиме во Париз. Нејзините пријателки исто така се популарни, како на пример манекенката Софија Ричи, ќерка на Лајонел Ричи која се прослави откако се муваше со Џастин Бибер.

Иако има само 17 години таа досега веќе се има појавено на страните на „Teen Vogue“ и во славниот магазин „Vanity Fair“, а нам не ни останува ништо друго освен да видиме дали ќе стане вистинска модна икона.

Па, премини на следната страна и погледни го нејзиниот стил >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО