Овие прамени одлично и стојат на младата струмичанка која целосниот изглед го надополни со впечатлив кармин во црвена боја.

Ева изгледа прекрасно и гламурозно во ова издание, а по се изгледа дека и нејзината коса имала убав сончев ден.

Со доаѓањето на пролетта бројни жени планираат да направат разни промени во изгледот како на пример во бојата на косата, па доколку сте една од нив, можеби во оваа прекрасна девојка ќе ја пронајдете вашата инспирација.

Станува збор за младата струмичанка Ева Заева, внука на Зоран Заев (ќерка на неговиот брат!) која е популарна на социјалната мрежа Инстаграм. Таа на оваа социјална мрежа постојано споделува селфи фотографии на која можат да се видат нејзините модни комбинации, но и нејзините прекрасни прамени во златна боја кои и стојат одлично. Овој пат оваа девојка вниманието ни го привлече токму со нејзината бујна коса и прекрасна нијанса за која сме сигурни дека ќе и се допадне на секоја девојка.

Кармин кој морате да го имате во вашиот несесер оваа пролет >>

Па, доколку наскоро планирате да одите на фризер, можеби токму оваа фризура ќе ви се покаже како идеална, особено за топлите пролетни и летни месеци што следуваат, кога потемните тонови го оставаме на страна, како на облеката, така и на косата.

Што мислите вие?

Топ 10 комбинации на најубавата струмичанка Ева Заева >>

Фото: Инстаграм/ Ева Заева

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com