FaceBook  Twitter  

Кралицата на стилот Оливија Палермо не знае за модни грешки, а секоја нејзина комбинација е нова лекција која треба да ја научиме.

Таа овој пат не воодушеви со мантил во портокалово-кафеава нијанса од комерцијалниот бренд Зара кој го носеше и минатата година, а за кој можеме да кажеме дека изгледа прекрасно во нејзините комбинации. Таа сезонава бира земјени тонови, па ова парче совршено се вклопи во нејзината модна приказна која што ја фура во последно време. Го носеше за време на Модната недела во Лондон каде го комбинираше со кошула и панталони, исто така од Зара, но од актуелната колекција, а неодамна го носеше во комбинација со црни „skinny“ панталони и црна веста. И само неколку дена подоцна повторно се појави во овој прекрасно парче, само овој пат во комбинација со свилена блуза во темно сина нијанса и панталони од италијанскиот бренд „ Max&Co“ во слична нијанса и со широки ногавици. Комбинацијата ја заокружи со суптилна златна огрлица од брендот „The2Bandits“ и мала бела чанта.

Инаку, оваа родена њујоркчанка својата модна инспирација ја црпи од своите бројни патувања низ светот и од уличната мода низ градовите, како и од она што ќе и се допадне од едиторијалите и од модните писти. „Обично се облекувам во склад со она што ме очекува тој ден. Секогаш постои барем една еклектична нота во онаа што го носам, но секогаш се обидувам во своите комбинации да внесам и софистицирани елементи без разлика дали се тоа модни додатоци, боја или барем нешто суптилно“, вели Палермо.

Па, дали ви се допаѓа стилот на Оливија?

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотел Белви**** дел од Metropol Lake Resort
Ве очекуваме, заедно да поминеме незаборавни денови во „градот на конзулите“. ...
Holiday Inn Skopje – Вашиот избор за свадба од соништата
Ексклузивен ресторан и винотека, единствени по својот изглед и понуда. ...
Преубав ресторан во близнина на Манастирот Св. Наум Охридски